Голем број луѓе се собраа пред полициската станица во Грачаница на протест поради апсењето на Драгиша Миленковиќ денеска.
Миленковиќ денеска беше уапсен од специјалните единици на косовската полиција под обвинение за наводни воени злосторства. Како што јави репортерот на Косово онлајн, мештаните успеале да го блокираат патот, иако полицијата ги спречила во тоа.
При блокадата едно возило насилно се пробило низ масата луѓе, а во таа прилика еден маж бил повреден. На лице место е брза помош.