Најмалку 41 лице загина во вторникот во бунт во женски затвор северозападно од главниот град на Хондурас Тегусигалпа, соопшти полицијата.
Повеќето од жртвите се изгорени или избодени до смрт, изјави Јури Мора, портпарол на полицијата на Хондурас, пренесе АП.
Мора рече дека бунтот избувнал во женскиот затвор во градот Тамара, на околу 50 километри северозападно од Тегусигалпа.