Едно лице загина на кров од вагон кај Демир Капија, информираа вечерва од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека лицето, најверојатно мигрант, загинало од струен удар.
– ЦУК информира дека од Македонски железници известиле, дека, од 17:15 часот, поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија, се качило лице (најверојатно мигрант) и по допир со инсталацијата што е под напон, дошло до негова смрт. На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза помош. По завршување на увидот, железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот, соопштија од ЦУК.