Ново снимка од хигиеничарки кои деновиве висат од прозорците за да ги исчистат стаклата на сеуште невселените станбени и деловни простории. Страницата на Инстаграм serbialive_beograd во понеделникот објави видео од жена како ги чисти надворешните прозорци на 11 кат од зградата на необезбеден начин во населбата „Белград на вода“. Луѓето беа шокирани, а денес се појави ново видео.
Друга жена е снимена како чисти прозорци однадвор во елитниот дел на Белград и целосно виси надвор фатена со едната рака. Сето ова се случува на катот на една од станбените згради, а зад жената за која се претпоставува дека е хигиеничарка нема никаква заштита. Видеото предизвика многу коментари.
„Ве молам побарајте ги овие жени и кажете им дека некој дома ги сака“, „Но, најлошото е што има луѓе кои мислат дека тоа е апсолутно нормално и така треба“, „Динарот денес е скап“, „Луѓе, ова е страшно“.