На снимка која ја објави страницата на Инстаграм „serbialive_beograd“, може да се види жена облечена во црна маица и црни хеланки додека при необезбедена ситуација го брише надворешниот прозорец ос станот.
Сето ова се случува на 11 кат во една од станбените згради во Белград на вода, а зад жената за која се претпоставува дека е хигиенчичарка нема никаква заштита. Видеото предизвика многу коментари:
„Кој ја најмил оваа жена да го чисти станот. Ова не е сопственикот на станот. Да се тера жена на необезбедена мини-тераса да мие прозор. Господ знае кој кат е ова и е сосема идиотски. Она што ми изгледа поидиотско е неможноста или незнаење дека крилото може да се отвори одвнатре. Или не може?!“
Другите беа иронични:
„Сиромашените зедоа станови од по 3.500 евра метар квадратен, па не остана ништо заедницата на станари да им плати на алпинистите да ја мијат надворешноста..“
Многумина спомнаа дека на оваа жена треба да и се даде плата од 10.000 евра. Еден коментар се осврна на лошите услови во кои работат хигиеничарките.
“Работам во компанија која одржува згради. Да кажам дека жените се на најниско ниво на почит. Ги омаловажуваат и ги тераат да направат се за минимална плата. Иако таму има многу образовани жени, тие се принудени да ја прават оваа работа поради нивната возраст. Нема пари поради кои треба вака да ви го доведат животот во прашање. Страшно“.