Познатата пејачка со албанско потекло Блета Реџа во саботата на 17 јуни одржа настап во Њујорк, кој заврши со инцидент.
Некој од публиката фрли телефон кон пејачката попозната под псевдонимот Бебе и ја удри право во главата. Иако на почетокот делуваше безопасно, Бебе се затетерави од силината на ударот и падна на колена. Таа се држеше за главата неколку секунди, поточно, додека соработниците не и пријдоа и ја симнаа од бината.
Absolutely great show ruined by a fan throwing their phone at @BebeRexha hopefully she is ok after that pic.twitter.com/4eBScgurv5
— Alex Chavez (@captiv_8_) June 19, 2023
Како што пренесуваат локалните медиуми, Бебе завршила на клиника каде морале да и ја сошијат раната, а нејзината мајка подоцна открил дека има три копци на главата.
На социјалните мрежи се појави видео од оваа случка, а фановите на пејачката поради тоа, гневни и разочарани коментираат дека „нечиј непромислен потег можел да предизвика далеку поголеми последици“.