Пожар во Холандија: Четири лица повредени, пет куќи изгореа

Од:

Четири лица се повредени во пожар во кој изгореа пет куќи во холандската населба Арнем.

Како што пренесува порталот НОС, пожарот избувна вчера околу пладне. Во неговото гаснење учествувале дури 200 пожарникари.

Се наведува дека покрај петте опожарени куќи, во пожарот од чад и вода оштетени се уште три.

Превентивно се евакуирани околу 100 домови.

И покрај двете предупредувања од холандската влада и повторените предупредувања од противпожарната бригада, полицијата и градоначалникот на Арнем, Ахмед Маркуч, да ги држат затворени прозорците и вратите, многу луѓе продолжија да го гледаат пожарот, по што едно лице побара лекарска помош поради проблеми со дишењето предизвикани од чадот.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата