Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за половина денар.
Со новите измени, од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 80,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 82,5 денари, дизел горивото ќе чини 70,5 денари.