Путин збесна: „Кој ги е*е“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го нападна НАТО и жестоко пцуеше додека зборуваше за барањето на членките на Алијансата за намалување на нуклеарното оружје.

Путин рече дека боевите глави во сопственост на Русија треба да „осигураат безбедност“ и дека „намалувањето на прагот е невозможно“.

Кој ги е*е, што вели нашиот народ“, рече Путин.

Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот лидер јасно стави до знаење дека нема да се откаже од боеви глави или да ја намали контролата врз неговиот растечки нуклеарен арсенал.

„Ние имаме повеќе такво оружје од земјите на НАТО. Тие знаат за тоа и секогаш не убедуваат да започнеме преговори за намалување“, рече тој.

Бранејќи го проширувањето на неговиот нуклеарен арсенал, со вкупно 5.977 нуклеарни боеви глави подготвени за употреба, Путин рече дека оружјето помага во одбраната на рускиот „суверенитет“.

Рускиот претседател тврдеше дека неговите резерви биле клучни за одбрана на „суверенитетот и постоењето на руската држава“.

Путин повторно се закани дека Русија може да употреби оружје за масовно уништување доколку се создаде „закана за постоењето на државата“. Рускиот лидер се осврна и на распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија. Ова, како што истакна, е елемент на одвраќање.

За да не заборават на таа околност сите што размислуваат да ни нанесат стратешки пораз“, резимира шефот на државата.

По шокантната изјава на Путин се огласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Фразата „кој ги е*е, која се однесува на преговорите со Америка за намалување на нуклеарното оружје во нивна полза, не значи дека Москва го отфрла таквиот дијалог со Вашингтон. Русија е подготвена да преговара“, им објасни Песков на новинарите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија