Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија имаше водство од 2-0 на полувремето, но на крајот загуби од Украина со 2-3 во вториот меч од квалификациите за ЕВРО 2024 на арената „Тодор Проески“.

Експлозија од емоции имаше по првите 45 минути, кога Енис Барди донесе водство реализирајќи пенал во 31. минута, а потоа Елиф Елмас постигна спектакуларен гол од далечина за 2-0 во 39. минута.

Но, како потоа Македонија да престана да игра. Некако се повлековме, Украинците ја преземаа иницијативата и за шест минути успеаја да израмнат. Во 62.минута Илиа Забарниј со удар со глава намали на 2-1, а Јуким Конопља израмни само шест минути подоцна.

Да биде уште полошо, Висар Муслиу заработи црвен картон во 73.минута, а тоа Украина го искористи и да стигне до триумф. Виктор Циганков во 83.минута постигна победнички гол, а двете асистенции за пресврт беа дело на Михаило Мудрик, ѕвездата на Челси.

Македонија в понеделник ќе гостува на „Олд Трафорд“ и ќе ги одмери силите со најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Англија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Тој ја однесе репрезентацијата на ЕУРО и веднаш даде оставка

ВИДЕО: Чудно однесување на полскиот селектор на прес-конференција по поразот од Албанија

Предраг Петровиќ

Квалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија

УЕФА излезе со нова „генијална“ идеја, играчите ќе збеснат кога ќе ја слушнат