Путин: Украинците останаа без сопствено оружје, немаат шанси

Од:

Украина наскоро ќе остане без сопствената воена опрема и оружје, изјави Владимир Путин говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Рускиот претседател рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наскоро ќе биде целосно зависен од опремата што ја обезбедува Западот.

Путин додаде дека Украина не постигнала напредок во својата контраофанзива и изјави дека нејзината армија „нема шанси“ против руската. Во говорот во Санкт Петербург, Путин предвиде дека руската економија ќе порасне за 2% оваа година, тој го започна говорот зборувајќи за економската состојба во земјата, уверувајќи ги луѓето дека социјалните бенефиции функционираат добро и дека платите се зголемени.

Се вели дека економијата би можела да порасне до 2% оваа година бидејќи закрепнува од минатогодишната контракција во светлината на опсежните западни санкции. Прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) на Путин е слична на онаа на другите руски власти.

Зборувајќи за заминувањето на западните компании од Русија по почетокот на инвазијата на Украина, Владимир Путин рече дека Русија не сака тие да се вратат. На форумот вели дека земјава „помалку или повеќе“ успева да ги покрие сопствените потреби и дека имало „околу 90.000 нови регистрации на фирми“.

„Мислам дека не е тајна дека кога разговарам со руски деловни луѓе, тие всушност го нагласуваат фактот дека не треба да им се дозволи на западните компании да се вратат“, додаде тој.

„На сите овие меѓународни економски форуми и состаноци главното барање до мене беше руските компании да не дозволат враќање на западните компании“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Убивме тројца руски генерали со ХИМАРС

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Најмалку осум лица се ранети во руски напад во украинскиот град Никопољ

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Руските компании почнаа да користат биткоин поради западните санкции

Горан Наумовски