И покрај дождот и лошото време, неколку илјади Срби денеска се собраа во Косовска Митровица за да им дадат поддршка на уапсените сонародници Милун Миленковиќ Луне, Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ. Протестот беше осмислен да биде мирна граѓанска прошетка.
На чело на колоната и овој пат се деца, спортисти на кик бокс клубот „Косовска Митровица“ чиј тренер е Луне, а во долгата колона има и пријатели и семејства на уапсените.
Во толпата можеа да се забележат и паролите „Стоп за теророт над невините Срби! Северот беше мирен додека не пристигнаа специјалните сили на Курти“.