(ВИДЕО) Најмалку петнаесет загинати во судир на камион и комбе во Канада

Од:

Најмалку 15 лица загинаа во канадската провинција Манитоба, откако камион удри во возило со кое се превезуваa стари лица и инвалиди, пишува весникот „Винипег фри прес“.

Несреќата се случи во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.

Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека сите расположливи ресурси се распоредени на местото на настанот.

„Срцето ми се скрши кога ја слушнав веста за трагичната несреќа кај Карбери“, напиша на Твитер премиерката на Манитоба Хедер Стефансон.

Доколку се потврди бројот на жртвите, ова ќе биде една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во поновата историја на Канада, наведува Ројтерс.

Во Саскачеван, соседна провинција, 16 лица загинаа во април 2018 година, откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим на рурален пат. Во 2019 година, возачот на камионот беше осуден на осум години затвор.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски

Тешка несреќа на патот Кичево-Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес