ВМРО-ДПМНЕ: Вечниот дезертер Ковачевски бега од одговор кој предлог го прифаќа

Од:

„Димитар Ковачевски освен што дезертирал од служење војска, дезертираше и од избори, а сега дезертира и од одговор на прашањето, кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ прифаќа? Ковачевски дезертира од носење на важни одлуки за Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само Македонија може да има премиер како Ковачевски и влада како СДС кои не сакаат гаранции за заштита на националниот иднетитет и јазик.

Ковачевски мора да се охрабри и да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски прифаќа, дали е за преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членство на државата во ЕУ или прифаќа избори, гаранции за заштита на националниот идентите и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на на пресудите од Европскипт суд за човекови права во Стрзбур и влада без ДУИ подржана од опозицијата?

Ковачевски да не прави калкулации и да не тактизира, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат.

Го повикуваме Ковачевски да одговори пред цела јавност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела