Доцна синоќа во Приштина е убиено лице во возило со македонски регистарски ознаки, објавија косовските медиуми.
Според Индексонлајн убиениот, кој бил застрелан со огнено оружје-калашников, е Блерим Даци, кој имал и лажни документи кои ги користел, а кои биле на име на Блерим Шабани.
Инаку, жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија.
Според информациите на полицијата во текот на оперативните дејствија подалеку од убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените, вмешани во случајот.