Во 1948 година, Фери Порше го реализираше својот сон за спортски автомобил: со својот тим го произведе првиот Porsche 356 Roadster. Тоа го означи раѓањето на легендарниот бренд и ги постави темелите за успешна приказна, за легендата на Porsche.
Porsche Center Skopje, заедно со членовите на Porsche Club Macedonia и останатите сопственици и ентузијасти на брендот Porsche од Државата, прослави 75 години од брендот Porsche, како и сите успеси постигнати на регионално и на глобално ниво, со отворен ден во пријатен и колоритен амбиент во рамките на Порше Македонија.
Прославата на оваа значајна годишнина низ светот, вклучително и во Скопје, е еден од централните настани на компанијата во 2023 година, кој промовира богато наследство, силни вредности, спортски и луксузни модели и голема заедница на Porsche ентузијасти.
Приказната за успехот на брендот Porsche се основа на остварувањето на сонот на еден човек да го создаде врвниот спортски автомобил, благодарение на своите идеи, визии и пронајдоци. Денес, користејќи ја темата „Driven by Dreams“, изложени беа неколку Porsche класици, како најстарото Porsche во државата – 911 CS Targa од 1979 година, 911 Carrera 3,2 од 1987, 911 Turbo од 1990, 911 Carrera Cabriolet од 1995, 911 Carrera 4S од 2007 година како и дополнителни 20 модели на 911 во чест на истовременото одбележување на 60 години од моделот 911.
„Со гордост сакаме да го претставиме брендот Porsche во Македонија на иновативен начин, а овој ден го покажува тоа. Прославуваме „75 години од брендот Porsche “, а направивме многу од етаблирањето на брендот Porsche во нашата земја. Движени од Соништата, возилата на брендот Porsche низ годините се во сѐ поголем број, благодарение на високото ниво на квалитет и врвната пост-продажна услуга од страна на нашата компанија. Со оваа прослава, сакаме да фрлиме поглед кон историјата, додека смело гледаме и се движиме кон иднината“ изјави Генералниот Директор Златко Муцунски.
„75 години Porsche се залага за пионерски дух, страст и соништа. Прославуваме заедно со луѓе кои се инспирирани од соништата. Слоганот „Driven by Dreams“ ја дефинира суштината на брендот. Понатаму, слоганот го одразува пристапот со кој луѓето на Porsche работат секој ден за да ги исполнат соништата на клиентите ширум светот. Горди сме на нашето наследство. Тоа е основа за успешна иднина. Нашето наследство го поврзуваме со иновации и напредок – и постојано додаваме извонредни нови моменти во уникатната приказна на Porsche, изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.
Како посебна почит на остварените соништа, новото лого „75 Porsche“ ќе се користи во текот на целата година, чии заматени бои суптилно потсетуваат на темата во соништата.
ПР Текст