Пратеници на Зелените и левичарски партии во Европскиот парламент го номинираа американскиот соработник во НСА, Едвард Сноуден за добитник на овогодишната награда Сахаров, која ЕУ ја доделува на организации и поединци кои посветиле живот во одбрана на човекови права и слободи.
Во соопштение се вели дека Сноуден ја заслужува наградата „бидејќи фрлил светло на систематското кршење на граѓанските слободи од американските и европски тајни служби“.
Во соопштението се додава дека Сноуден ја ризикувал својата слобода за да помогне и да заштити други луѓе. Добитникот на наградата Сахаров ќе биде познат во октомври.