Тројца британски туристи се исчезнати по пожар на брод во Црвеното Море во Египет. Уште 26 лица, меѓу кои 12 Британци, беа спасени од бродот Hurricane, кој се наоѓаше во близина на брегот на Марса Алам, соопштија властите.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од електричен дефект во 6:30 часот по локално време. Бродот беше на крстарење за нуркање и го напушти Порт Галиб на 6 јуни, а требаше да се врати денеска.
#News: Safari boat full of tourists on the red sea in #Egypt has caught on fire resulting in at least 3 British tourists being missing and others being injured and missing. pic.twitter.com/Id3AOex3yP
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 11, 2023
Локалните власти соопштија дека е пронајден краток спој во машинскиот простор, додека јавното обвинителство започна истрага. Сите што беа спасени се добро.
Црвеното Море е популарно одморалиште за нуркачки патувања, а голем број туристи пристигнуваат од Велика Британија.