Под езеро на Антарктикот пронајдени организми стари 100.000 години

Од:

Организми за кои се верува дека се постари од 100.000 години се откриени во земја под смрзнато езеро на Антарктикот.

Британските научници се убедени дека со проучување на отпорните микроби ќе бидат одговорени низа прашања како живи организми може да опстанат на Марс или на други планети покриени со вечен мраз.

Микробите биле откриени под езерото Хоџсон, кое порано било покриено со слој на мраз дебел 400 метри. Поради топењето предизвикано од глобалното затоплување, езерото сега е покриено со многу потенок слој од мраз, кој на места е дебел само неколку метри. Самото езеро е длабоко стотина метри.

Експерти од британска експедиција успеале со дупчалка да извадат примероци од дното на езерото. Во горните слоеви земја, веднаш под езерото, имало организми типични за целиот Антарктик, но четири метри подлабоко имало остатоци од древни микроби.

– Чудно е тоа што биомасата беше обилна и обемна. Ова значи дека живи организми може да опстанат и во средини што ги сметаме за премногу екстремни – соопшти Дејвид Пирс од британската научна експедиција.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ