Николоски: 2/3 за уставни измени под бугарски диктат нема, ајде на избори веднаш

Од:

Власта во Собранието нема две третини за промена на Уставот и нема да има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, за што најдобар доказ е тоа што прелогот не го става на гласање, објави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој обвини дека власта наместо да нуди решенија, „неуспешно се занимава со спинови и подметнувања“.

– Прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси. И наместо да се приклучат, одлучија да прават негативна кампања со невистини, демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија, наведува Николоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ понудила „државнички пристап“, а власта „примитивизам и предавства“.

– Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!, додава Николоски во објавата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ