ВМРО-ДПМНЕ: СДС да каже кој од двата предлога на Мицкоски прифаќа, спротивно нема потреба од преговори

Од:

„СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори.

Ковачевски да каже кој од овие два предлози го прифаќа? Во спротивно попусто троши време за состаноци и замајување на сопственото членство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела