Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Од:

Закрепнувањето на папата Франциско по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од болничкиот балкон, за да се избегне напнатост.

Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Џемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите на лекарот.

Папата Франциско се согласи и со препораките на лекарите да остане во болница најмалку уште една недела.

Поглаварот на Римокатоличката црква во средата беше подложен на тричасовна операција поради абдоминална хернија.

Би можело да ве интересира

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска

Папа Франциск со миса го прослави Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква