Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека наскоро планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и да побара од него да ги повлече војниците од Украина.
На конвенцијата на Германската протестантска црква во Нирнберг, Шолц потсети дека претходно разговарал со Путин по телефон.
„Планирам да го повторам тоа наскоро“, изјави германскиот канцелар.