Приведен разбојник во Скопје, следува пријава

Од:

Вчера попладне во 18.30 часот на улица „Манапо“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 68-годишниот Ф.А. од Скопје, извести МВР.

– Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта. Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР