Мицкоски: Панично лажат дека сме прифатиле уставни измени, вистината е дека ја губат власта

Од:

Панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМНЕ наводно им ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат. Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш зад аголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца им се распрсна оваа лага рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиска трибина во Охрид.

– Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдат во средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сето ова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта. Знам дека им е тешко, им се стега душата, на лажичка ја губат власта која долго ја злоупотребуваат, на рати доаѓа времето кога ќе треба да се соочат со одговорност за сите постапки и грешки, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека е јасно дека власта го нема потребното мнозинство за уставните измени.

„Цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода. И она што најасно се виде од лидерската средба е тоа што сепак може подобар договор и фер шанса за Македонија. Сепак не мора и не смее да се прифати бугарскиот диктат и сепак може да се сменат околностите и да се има ново решение како Што предлагаме порача Мицкоски.

Паралелно со собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, СДСМ вечерва одржува седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата на кои како што најави претседателот Димитар Ковачевски ќе се зборува за идните чекори по лидерската средба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски