Загина работник во несреќа во Макстил

Од:

Работник во погон во фабриката Макстил го загубил животото утрово во несреќа додека извршувал работни задачи. За смртниот случај известија од Макстил.

– Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби наш вработен. Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, се вели во соопштението од компанијата.

Од Макстил велат дека ги отстапуваат сите човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка