Две експлозии одекнаа во Холандија. Една од експлозиите се случи во ресторан, каде вчераутро бил пронајден сомнителен пакет и по налог на градските власти објектот е затворен две недели.
Според извештаите, тој пакет бил отстранет вчераутро, а не се знае каква била неговата содржина.
Отприлика во исто време се случила експлозија во соседната зграда.
Според полицијата нема повредени, а полицијата врши увид и ја опколи областа.
Еден од овие два објекти веќе доби предупредување од градските власти во 2021 година за загрозување на безбедноста на локалното население.
Полицијата соопшти дека истражува поврзаност меѓу двата случаи.