Рама напиша нацрт-план за формирање на ЗСО на северот на Косовo

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека напишал нацрт-план за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) на северот на Косово и дека тој нацрт им го препратил на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц, како и до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и „американската страна“.

Како што јави Албанијан пост, Рама изјавил дека се работи за нацрт кој „долго го подготвувале“ највисоките американски и европски експерти, што било направено, како што изјави Рама на прес-конференцијата, во случај да дојде овој ден.

„За мене е неразбирлива позицијата на Косово, а не на Србија. Партиите не можат да се договорат кој да го напише овој текст, а веќе не се договараат што треба да има во текстот на нацртот“, рече Рама.

Тој оцени дека „Гордиев јазол на дијалогот“ ќе биде ЗСО.

„Одамна знам дека Гордиевиот јазол на дијалогот ќе биде обединување на општините со српско мнозинство и верувам дека ниту една страна не ја сака таа заедница и дека ќе дадат се од себе да продолжи вака до бесконечност“, рече албанскиот премиер и додаде дека неговиот нацрт е доверлив документ, кој „без сомнение“ не претендира да биде идеално решение.

„Ве уверувам дека тоа е документ од највисоко меѓународно ниво кој ги зема предвид сите причини за создавањето на ЗСО и секако се грижи тоа да биде дел од организацијата на животот во Република Косово, почитувајќи ги сите препораки или заклучоци на Уставниот суд на Косово“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина