СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Б.(19) од село Ангелци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Осомничениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил на име на негова поранешна вонбрачна сопруга и поставил компромитирачка фотографија од неа.