Денови на социјална заштита во Карпош

Од:

Денеска, во Карпош, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Карпош го започна проектот за „Отворени денови на социјална заштита во руралните средини“, кој ќе се реализира од септември до ноември 2013 година.

Во просториите на основното училиште во Горно Нерези, кое е клон на ООУ ,,Братство’’, се собраа граѓаните од ова населено место, каде разговараа со стручните лица од ова Министерство за своите лични проблеми кои влегуваат во сферата на социјалната заштита. Преку дијалог, како активни носители во реализација на овој проект се вклучија и лицата вработени во Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општина Карпош.

Целта на овој проект е да обезбеди информирање на жителите од руралните средини за правата и услугите од социјална заштита, а воедно нуди и подлабоко навлегување на социјалната работа и социјалните услуги во локалната заедница. Оваа активност опфаќа посета на неколку населени места еднаш неделно, преку остварување на директни средби со локалното население кое има потреба од социјална заштита. Од особена важност е воспоставувањето на координираната соработка и активното учество на државните и локалните служби во преземањето на предвидените мерки за социјална заштита.

Инаку, соработката со социјално загрозените лица е редовна пракса за општина Карпош, која е прогласена за општина со најголема социјална инклузија. Показател за тоа е функционирањето на одделението за детска, социјална и здравствена заштита, кое е едно од ретките ресори кои постојат во рамките на локалните самоуправи од нашата држава.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира