Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека заклучок од лидерската средба е тоа што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени.

– Добро е што имавме разговор и што ставот утрово искажан од страна на потпретседателот Муцунски утрово пред штабот на ВМРО-ДПМЕ е променет, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени. Ова е процес во кој треба заедно да учествуваат сите. На состанокот се прави јасна дистинкција дали ќе ја интегрираме Македонија во ЕУ или ќе биде изолирана. Сметам дека треба да изградиме став дека за државата е најдобро да влезе во ЕУ.

Моја лична цел е овој процес да биде успешен и токму затоа вклучувањето на други делови од народ во Уставот е чекор напред. Ние сме Европа во мало со оглед на разноликоста на луѓето кои живеат во неа и кои денес ја чувствуваат Македонија како своја – рече премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски