Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Од:

Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди за МИА в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот.

– Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе. Истите се сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд. Се однесува на лица кои сториле кривични дела како убиство, обид за убиство и друго. Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови, се наведува во неговото соопштение до јавноста, а поврзано со видеата објавени на Фејсбук, каде се гледа како лица се тепаат.

Тој додава дека од негова страна по настанатиот случај се преземени сите безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции што во моментот се грижат за безбедноста.

– Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање, потенцира Арифи во обраќањето до јавноста.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on