Лажел дека е сопственик на рент а кар фирма, земал гуми од сервис, ништо не платил

Од:

Против 34-годишен тетовец е подесена кривична пријава бидејќи е осомничен дека лажно се претставувла како сопственик на рент а кар фирма и направил договор со сервис за купување гуми. Неколкупати земал гуми за различни возила, а договрот бил да плати на фактура. Тетовецот примил и потпишал шест фактури, ништо не платил.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Г.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 14.10.2022 во сервис за возила, пријавениот, претставувајќи се како сопственик на рент а кар фирма, со сопственикот на сервисот склучил договор за продажба на гуми за неговите возила, а плаќањето да биде на фактура. Во периодот од 14.10.2022 до 07.11.2022 пријавениот во неколку наврати со различни возила доаѓал во сервисот, каде купувал и менувал гуми и за тоа лично примил и потпишал шест фактури, но не платил ниту една, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода