Полицијата во Хонг Конг денеска уапси жена осомничена за убиство на нејзините три ќерки, што е едно од ретките насилни злосторства во тој град.
Три девојчиња на две, четири и пет години веќе биле мртви кога полицијата пристигнала во нивниот стан, на повик на жена која им рекла дека сопругот ги убил, пренесува АП.
Полицискиот надзорник Алан Чунг изјави дека парот бил разделен околу една година и верува дека жената е одговорна за убиствата.