Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во Белград ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, соопшти Претседателството на Србија.
На средбата ќе присуствуваат шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Џофре и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Кристофер Хил.
Ескобар и Лајчак вечерва во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Аљбин Курти, а за утре е планирана средба и со претседателката Вјоса Османи.