Геодетска комора: Предлог-законот за геодетска дејност е спротивен на eвропските пракси и е погубен за секторот

Од:

Претседателот на Комората на геодети Никола Рибароски одржа работен состанок со претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Кристинка Радевски, професорите од Градежниот факултет-Скопје Лазо Димов, Ванчо Ѓорѓиев и Златко Србиноски и членовите на работната група на Комората за новите закони, на кој се дискутираа предлог- законите за геодетска дејност и за катастар на недвижности кои ги изготви Агенцијата на катастар на недвижности.

Како што информира Сојузот на стопански комори на Македонија, покана за учество беше испратена и до Агенцијата за катастар на недвижности, но претставници на оваа институција не зедоа учество на состанокот.

– По однос на новопредолжениот закон за геодетска дејност, ставот на Комората на трговски друштва за геодетски работи е јасен и дециден. Комората го поддржува и го поздравува донесувањето на новиот Закон за геодетска дејност, но не во овој формат и на начин како што беше изготвен, крајно нетранспарентно, во отсуство на претставници на приватната геодетска фела како директни носители на оперативните теренските геодетски работи, и во крајна линија без решенија за подобрување на условите за работа на приватните геодетски фирми, туку напротив за уште поголемо продлабочување на и онака наталожените проблеми. Законските решенија се спротивни и на еворпските практики кои постојат во секторот, истакна Рибароски. Потенцираше дека избегнувањето на состаноци и средби што го прави Агенцијата за катастар на недвижност не е конструктивен пристап и е на општа штета на целиот геодетски сектор.

Тој потсети и дека Комората со цел создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот сектор преку вклучување на сите чинители на геодетскиот сектор, на последното Собрание на Комората, одржано во февруари годинава усвоена е и Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор. Декларацијата официјално беше доставена до највисоките државни структури, органи, сродни комори и институции заради обезбедување на консензус за надминување на проблемите со кои се соочува членството на Комората, но и целата геодетска дејност.

– На состанокот беше закучено и дека комуникација и соработка помеѓу две сродни институции, како што се Комората на трговски друштва и Агенцијата за катастар на недвижности мора да има, бидејќи само со дијалог ќе се постигне решение за сите проблеми, а ќе може и да се донесат и многу поквалитетни законски решенија, се наведува во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

Со помош на Брисел ќе најдеме техничко решение за Коридорот 8, вели Мицкоски

Филипче: ОЈО да отвори постапка по изјавата на Мицкоски за Коридорот 8

Повлечени се членовите на комисиите кои требаше да извршат избор на изведувач и надзор за третата делница од пругата кон Бугарија

(ВИДЕО) Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за тендерот за пругата кон Бугарија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8

Сарацин: Македонија не ги оправда надежите за уставни измени

A1on