Платеници од Полска се борат и во рускиот Белгород

Од:

Во борбите во руската област Белгород на границата со Украина учествуваат и полски платеници, објавија вчера полските медиуми.

На страната на украинската армија се бори и полскиот волонтерски одред, објавија интернет порталите Polsatnews.pl и Wprost.pl, повикувајќи се на пораките на групата на социјалната мрежа Телеграм и видеото на кое наводно се гледаат платеници на пат кон Белгород.

Според Polsatnews, полскиот доброволен одред бил формиран во февруари и првично се борел на страната на украинската армија како независна единица составена исклучиво од Полјаци. Во меѓувреме почнале да соработуваат со рускиот доброволен одред.

Порталите не наведуваат колку Полјаци учествуваат во борбите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск