Панова: На граѓаните им е преку глава од криминалот, корупцијата и заробените институции од владата на СДС и ДУИ, бараат избори

Од:

Граѓаните се жалат на централната власт, предводена од СДС и ДУИ, порача денеска Ели Панова пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Самоилово, Смоларе, Колешино и Зубово во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.

Пановa истакна дека граѓаните на средбата ја прашуваат за уставните измени, укажувајќи дека таа го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не ма да гласа за уставни измени.

„Она за кое што сакааат да зборуваат се токму уставните измени и дали тоа сето има шанса да помине. Она кое што го добиваат како договор од нас е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да гласаат за уставни измени. А исто така ги коментираат и поканите за лидерски средби и дали воопшто има потреба да се зборува за уставни измени на таква лидерска средба“.

Таа рече дека доколку претседателот Мицкоски има лидерска средба со Ковачевски треба да разговара исклучиво за датум за одржување на предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече на граѓаните им е преку глава од криминалот, корупцијата и заробените институции од владата на СДС и ДУИ.

Кажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ едноставно треба да каже дека треба да се организираат нови предвремени избори бидејќи народот повеќе не може да издржи заради криминалите и корупцијата и институциите кои се заробени од СДС и ДУИ, потенцираше Панова.

Панова нагласи дека без разлика кога и да се случат изборите, победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и така ќе може да ги поправи сите грешки кои што ги прави актуелната влада на СДС и ДУИ врз македонскиот народ.

Без разлика дали изборите ќе бидат предвремени или парламентарни ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а тогаш ќе можеме да ги поправиме сите грешки кои што во моментот го мачат македонскиот народ, порача Панова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот