Шефот на НАТО: Шведска ги исполни барањата на Турција

Од:

Шведска го исполни барањето на Турција за влез во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. Столтенберг рече дека Шведска го изменила своето законодавство за да одговори на безбедносните грижи на Турција и дека разговорите со Турција и Шведска ќе продолжат за една недела.

По руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон западната алијанса по децении неутралност. Финска беше примена како 31-ва членка во април оваа година, откако сите членки на НАТО го ратификуваа нејзиното барање, но Турција и Унгарија допрва треба да го ратификуваат шведското барање.

Турција ја оправдува својата блокада со фактот дека Шведска не дејствува против терористичките организации, а особено со нејзиното одбивање да екстрадира луѓе кои Анкара ги смета за терористи. Во четвртокот во Шведска стапија на сила новите антитерористички закони, со кои се забранува учество, финансирање или на друг начин поддржување терористичка организација.

Водачите на НАТО ќе го одржат својот годишен самит во Вилнус во јули. Ердоган во вториот круг од изборите пред една недела обезбеди нов претседателски мандат. Столтенберг присуствуваше на церемонијата на положување заклетва во Анкара во саботата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“