(ВИДЕО) Љутков: Граѓаните во општина Петровец разочарани од централната власт

Од:

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, од каде истакна дека поддршката за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места е огромна , но е голема разочараноста од централната власт.

„Не е големо изненадување колкава голема е поддршката на градоначалникот Борче овдека во оваа населено место и со каква позитивна енергија зборуваат, но тоа никогаш не било ни прашање колку тие го поддржуваат градоначалникот Борче, но прашање е секогаш колку малку централната власт дава поддршка во општина Петровец во последниве две години“, истакна Љутков.

Тој додаде дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина.

„Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани“, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните во општина Петровец ја даваат огромната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, ги чекаат изборите да дојдат и сакаат да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека и во минатото, сите проекти, сѐ што е направено во ова населено место Чифлиг е направено со помош на ВМРО-ДПМНЕ“, подвлече Љутков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС