Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај Штип бил во алкохолизирана состојба

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршија увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица.

Како што соопшти Обвинителството, според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон Скопје по веселба во Кочани, започнал да претекнува возило „Тојота“ со кочански регистарски ознаки во кое се превезувале две лица.

Во моментот на престигнувањето, возачот на „Шевролетот“ загубил контрола врз возилото, па најпрвин удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот кој паралелно го претекнувал. Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот. Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со телесни повреди, при што најтешки повреди се констатирани кај сопатникот во кочанското возило, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за испитување на целиот настан. Првичното тестирање кај возачот на автомобилот „Шевролет“ покажало присуство на алкохол, но дополнително, со цел да се утврди точниот процент, земени се примероци од крв за анализа. На местото на несреќата беше повикан сообраќаен вештак, а обвинителството ќе издаде наредба за комплетно сообраќајно вештачење. Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата. По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција