Едно лице загина, a петмина се тешко повредени во песочна бура која го зафати Египет, јавуваат локалните медиуми. Видеата на социјалните мрежи го покажуваат интензитетот на бурата.
There was a massive sandstorm in Egypt earlier today, this is what it looked like in Suez https://t.co/IywnzZeibn
— Ahmed Shawkat | أحمد شوكت (@AhmedShawkatCBS) June 1, 2023
Во Каиро песочна бура предизвика пад на билборд, кој падна врз четири возила во центарот на градот. Во Суецкиот канал две пристаништа беа затворени поради лошите временски услови, додека песочната бура беше придружена со силен ветер и високи бранови.
Според локалните медиуми, песочните бури се честа појава во Египет во текот на пролетта и предизвикуваат респираторни проблеми.
Во една таква бура во 2021 година, товарниот брод „Евер Гивен“ се закотви дијагонално, што предизвика проблеми во сообраќајот низ Суецкиот канал околу една недела.