„Бехтел и Енка“ треба секој месец да гради по два километри автопат: Рустеми вети дека коридорите ќе се завршат за 55 месеци

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта, ЈПДП почна со активности на коридорот 8 кои, како што вели директорот Ејуп Рустеми овозможат „Бехтел и Енка“ да изгради 110 километри за рекордни 55 месеци.

На делницата Тетово – Гостивар од денес се вршат геомеханички испитувања, а паралелно со нив ќе се работи на проектирање, елаборати со експропријација и градежни работи.

– Овие четири фази ќе бидат побрзи, со новиот концепт ние паралелно ги тераме сите овие активности. Овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени за 55 месеци.

Одговорно тврдам дека имаме механизација на терен и почнуваме со градба. Според стариот концепт, Кичево-Охрид, автопат од 57 километри десет години не можеме да го изградиме. За да почнеме да проектираме, ние мора да вршиме геомеханички испитувања и после нив почнуваме со проектирање и со елаборати со експропријација. Оваа механизација е од компанија од Македонија. Во овие фази се ангажираат македонски компании. Досега на „Бехтел и Енка“ се исплатени 117 милиони евра – потврди директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

Орце Костов

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп