А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец крвнички ја тепал партнерката: Ја удирал жената со тупаници и клоци по главата и телото

by А1он31/05/2023 - 18:5431/05/2023 - 18:551389
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело тешка телесна повреда.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што кај оштетената предизвикал тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на двете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски.

Јавниот обвинител ги ценеше околностите кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, извести Јавното обвинителство.

Следете a1on на Youtube YouTube
semejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 10:5508/11/2026 - 10:55

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 20:39

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Горан Наумовски05/11/2026 - 15:32

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 15:55

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on15/08/2026 - 12:47

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео