Во Виница потрошена помалку вода од лани

Од:

Граѓаните на Виница ова лето потрошиле помалку вода од минатата година. Во најжешките денови градот и неколкуте населени места потрошиле 5.124 метри кубни дневно. Во текот на август вкупно 13.000 потрошувачи од Виница и селата Градец, Јакимово и Црн Камен потрошиле 143.220 метри кубни.

– Филтер станицата во градот дневно регистрира потрошувачка од 4.260 метри кубни, несметајќи ги дополнителните 846 метри кубни од бунарите, што зачи дека Виничани и проградските населби трошеле по 5.124 метри кубни вода, изјави Игор Спасовски директор на ЈКП „Солидарност“ во Виница.

Виничани со вода за пиење се снабдуваат од изворите на Градечка река, на Осојница и од село Јакимово.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник