НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Од:

Командата на здружените сили на НАТО во Неапол соопшти дека започна распоредувањето на дополнителни сили на Косово како поддршка на силите на КФОР.

„НАТО распоредува дополнителни сили во Косово, како одговор на неодамнешните немири и ранувањето на 30 припадници на силите на НАТО за Косово. НАТО нареди распоредување на Оперативниот резерват на своите сили (ОРФ) на Западен Балкан, кои беа на седумдневна тревога“, се наведува во објавата на Здружената команда на силите на Твитер.

На дополнителен баталјон на мултинационалните резервни сили му беше наредено да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена, за да бидат подготвени да го засилат КФОР доколку е потребно.

Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е мерка на претпазливост за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат од Советот за безбедност на ОН. Сакам да го пофалам КФОР за преземањето брзи, воздржани и професионални активности за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија кои го поткопуваат мирот во сите заедници во Косово“, рече командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Мунк.

Командата на НАТО во Неапол објави дека внимателно ја следи ситуацијата во Косово и дека ќе продолжи да се координира со КФОР за да се осигура дека ги има сите потребни сили и способности што му се потребни за непристрасно да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници. , а во согласност со својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 г.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски