Русија цврсто ги осудува провокативните чекори на Приштина кои ја доведоа ситуацијата во Косово на работ на „жешка фаза“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа нагласи дека одговорноста за антисрпските провокации ја имаат САД и Европската унија, пренесува Тас.
„Цврсто ги осудуваме провокативните чекори на Приштина кои ја доведоа ситуацијата до работ на жешка фаза, загрозувајќи ја безбедноста на целиот балкански регион. Одговорноста за тоа е целосно на САД и ЕУ“, рече Захарова.
Според неа, тие не направиле ништо „да ги вразумат косовските Албанци“ и да ги принудат да ги исполнат своите обврски од Бриселските договори од 2013 и 2015 година.