Армијата на Србија останува на највисоко ниво на борбена готовност

Од:

Вооружените сили на Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност поради „бруталната употреба на сила од страна на Албин Курти и неговите сили против српскиот народ на Косово“, беше соопштено денеска по седницата на Советот за национална безбедност во Белград.

Како што се наведува во соопштението на Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија, на средбата биле договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Србија.

Беше истакнато дека мисијата на НАТО на Косово, КФОР, не ја извршува својата работа согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Воено-техничкиот договор од Куманово.

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигура дека мисијата ја исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН и штити Србите на Косово.

„Република Србија ќе биде цврста и непоколеблива во заштитата на својот народ“, се наведува во соопштението, јави Танјуг.

На седницата присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи и секретар на Советот за национална безбедност Ивица Дачиќ, министерот за одбрана Милош Вучевиќ, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, директорот на БИА Александар Вулин, началникот на Генералштабот на српските вооружени сили Милан Мојсиловиќ, министерката за правда Маја Поповиќ, директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ, обвинителката Загорка Доловац, началникот на белградската полиција Веселин Милиќ и претседателот на Народното собрание Владимир Орлиќ.

Би можело да ве интересира

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Началникот на српската војска Мојсиловиќ за Косово: „Ако војската добие наредба, целосно ќе ја изврши

Предраг Петровиќ

Српската војска постави топови хаубици со долг дострел кај Јарињe

А1он

Војската на Србија со детали за собореното беспилотно летало кај Копаоник

Српската војска собори дрон над касарна

Горан Наумовски

Српски војници се жалат: Офицерите нè принудуваат да се вакцинираме

Жарко Настоски