Српски војници се жалат: Офицерите нè принудуваат да се вакцинираме

Од:

Воениот синдикат на Србија добил поплаки од извесен број војници кои тврдат дека командантите на нивните единици вршат притисок врз нив да се вакцинираат против Ковид-19.

– Во случајот на вакцини наменети за имунизација против вирусот Ковид-19, слободна волја на секој припадник на српската армија е дали ќе биде вакциниран и секој има право да биде информиран за составот на вакцината и контраиндикациите што може да ги предизвика. Не треба да го игнорираме фактот дека вакцината е едно од најголемите достигнувања на цивилизацијата и медицината во заштитата од болести, но исто така, одлуката дали ќе се вакцинира или не зависи само од личната волја и совеста на поединецот, и затоа никој не може да толерира никакви санкции, се вели во соопштението на Синдикатот.

Според соопштението, „некои команданти потчинетите со наредба ги условуваат да примат вакцина, повикувајќи се на Правилото за служба на Српската армија“.

Синдикатот потсетува дека Уставот на Србија е највисок правен акт во хиерархијата на правните акти, и ниту еден подзаконски акт, по правило, не може да ги негира или намали правата што се директно загарантирани со Уставот. При тоа, го цитира членот 25 од Уставот на Србија со кој се гарантира неповредливост на физичкиот и менталниот интегритет на секој граѓанин.

– Значи, повеќе од јасно е дека никој, под никаков изговор, а особено под закана, не може да изврши притисок врз никого да го изложи своето тело и здравје на нешто што не го сака, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов