Делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на АРМ

Од:

Генерал-мајор Стивен Креј, кој предводи висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на американската сојузна држава Вермонт,  во официјална посета на АРМ денеска ќе се сретне со неговиот домаќин – началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

Целта на посетата е запознавање со достигнувањата на АРМ во процесот на трансформацијата и разгледување на можностите за унапредување на понатамошната соработка со НГ на Вермонт.

Како што соопшти прес-службата на ГШ на АРМ, главни теми на средбата во ГШ на АРМ ќе бидат: трансфомацијата на АРМ, долгорочниот план за развој на одбраната, поддршка на меѓународните мисии и учество во пост-ИСАФ, како и разгледување на идната соработка со НГ на Вермонт.

За време на посетата, генералот Креј ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од министерот за одбрана Талат Џафери. Планирано е тој да се сретне и со припадниците на АРМ кои беа дел од наменските сили ФЕНИКС во мисијата ИСАФ во Авганистан и да ги посети новите капацитети на армискиот полигон „Криволак“.

Националната гарда на Вермонт претставува партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која што е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии.

Програмата се реализира преку различни форми на обука, како семинари кои се реализираат во Република Македонија, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување заеднички вежби и друго. Воената контакт програма и соработката со НГ на Вермонт, на АРМ во многу и помогна во достигнувањето на стандардите на НАТО во повеќе области, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната